СО ПИВО ДО МАЗНИ ПЕТИЦИ

Уште 13 дена до стартот на 12-тиот Пивофест

Pivoto gi pegla boriteДо стартот на  годинешното, 12-ти по ред фестивал н апивото и скарата остануваат уште нецели две недели. На 17 јули од утринските часови на булеварот “Гоце Делчев” од потегот од крстосницата на Градска кафеана до маркетот Тинекс, ќе “изникнат” пивските штандови. И дел од плоштадите “Методија Андонов Ченто” и “Александрија” ќе осамнат со маси и столици на кои посетителите ќе може да уживаат во  освежителната нота на горчливиот пенлив вкус на пивото, надополнето со вкусна скара. Организаторите ја соопштија музичко – забавната програма, но не кажуваат кои пиварници ќе ги задоволуваат вкусовите и гаснат жедта на пивопијците. Се очекува да има над 20 видови пива – и светли и темни што ќе биде вистински предизвик за љубителите на напитокот од пивскиот слад.

Ако мажите веќе знаат зошто е добро да се насладуваат со горчливо-пенливиот пијалок, и припадничките на понежниот пол имаат неколку аргументи зошто е добро и тие да консумираат пиво. Односно кои се хранливите и  позитивните својства на пивото? На женските сајтови за убавина се вели дека пивото разубавува на неколку изненадувачки начини. Со пивото може да се испеглаат борите, а се бори и против акните. Квасецот кој се користи во производството на пиво, под називот аденозин трифосфат го има во повеќето кремови против бори. Пивскиот квасец е одлично средство за одржување на Ph вредноста на кожата и ги елиминира бактериите кои предизвикуваат создавање на акни. А ако се нанесува и површински ја прави кожата блескава, а витамиснкиот Б комплекс ги омекнувал задебелувањата на петиците. За овој третман најдодбри биле темните пива. Протеините и хмелот помагале во обновувањето на оштетената коса и го враќале слајот. Ем од внатре, ем однадвор пивото ја одржува убавината на жената. Навалете на пиво!     

Loading