ОРА И ПЕСНИ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Godinite ne se precka za peenje - KUD PenzionerУмешни и вешти пеачи се покажаа прилепските членови на КУД Пензионер и КУД Пенка Котеска на манифестацијата “Пензионерите пеат”, каде беа домаќини на околу 200 “колеги” од југозападниот регион. На десеттата манифестација се исполнија 22 песни и се одиграа две ора на пензионерските асоцијации од Битола, Богданци, Гевгелија, Валандово, Велес, Кавадарци и Струга.

Гласот први го покажаа членовите на КУД Пенка Котеска со песната “Македонец јас сум”, во исполнение на Сотка Стефаноски.

Гостите ги поздрави претседателот на домаќините, Кирил Ѓоргиески, кој најави дека двете КУД ќе учествуваат на 14 – иот фестивал “За трета животна доба” во Љубљана. И градоначалникот Марјан Ристески изрази задоволство што пензионерите активно стареат и си го продолжуваат животниот век. Забавата на луѓето од третото доба со песна и свирка продолжи во ресторанот од хотелот Липа.

Loading