Во хотел Сонце ГА
Спасот од летните горештини веќе може да се најде во водите на отворениот базен на хотелот Сонце ГА. И официјално стартува сезоната на капење. Наместо црвени панделки, почетокот ќе се означи со скок на глава во базенот за најхрабрите пливачи. Разладувањето, освен во базенските води, може да продолжи и со пијалоците на шанкот. Денеска од 10 часот, мераклиите на капењето ќе í објават “војна” на жештините и крај на “капењето” во пот, заменувајќи го со вистинско летно разладување. Посетителите ги очекува многу забава и изненадувања во кои ќе може да уживаат во долгото топло лето.