НЕБОТО НЕ Е ГРАНИЦА

bujna modelarska fantazijaПо …Војната почнала т.н. “трка за вселената” меѓу СССР и САД. Секоја од супер-силите се стремела прва да ја допре месечината. Во  трката се трошеле билиони долари и рубљи, а и глави паѓале.

И прилепчани  не биле рамнодушни. Мечтаеле да го пробијат “воздушниот ѕид” или да летнат до стратосферата. Тоа го правеле со импровизирани едрилици или минијатурни ракети. Во друштвото за ракетно и воздухопловно моделарство, ентузијастите создавале едрилици со слободен лет или со влечење со шпер-плоча, лепило и метална сајла. На спортскиот аеродром во Мало Коњари се тестирале новите модели, а моделарите се радувале на секој рекорд. Ракетните моделари со мини ракети Сојуз, Аполо или Спутник подготвувале ракетно гориво, ставале падобрани и на аеродромот ги тестирале, до која височина ќе достигнат.

Не сме испратиле човек во вселената, но моделарите секогаш гледаат во небото.

Loading