ЛАВРИ ЗА АФИРМАТОРИТЕ

Доделени Третоноемвриските награди

За придонесот во овековечувањето на Прилеп во литературните дела, кои ќе се паметат, Советот за доделување на признанија одлучи наградата за животно дело, Трети Ноември, да ја додели на писателката Мирјанка Ристеска – Селчанец. Највисокото градско признание го врачи градоначалникот Марјан Ристески на свечената седница на Советот на градот. 

Традиционалните награди, Плакети – Трети ноември, за Денот на ослободувањето на градот добија Октетот “Прилеп”, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, СОУ “Ѓорче Петров”, РК “Жито-Прилеп”, Црковниот хор при храмот “Св. Кирил и Методиј”, Сојузот на училишни спортови,  фирмите Крин КГ и Кули, Музичкото училиште, Итната медицинска помош, планинарите “Картуш”, Здружението “Прилепски мечкари”, НВО “Ромска Солза”, ФК “Корзо” и рок групата “The Hounds”.

{vsig}PRAZNIK/230/noemvri{/vsig}

Дипломи добија Отец Калист од манастирот Трескавец, актерот Петар Темелкоски, водачот на групата прочкари, Ванчо Георгиев, скулпторот Богдан Грабулоски, јога докторот Благоја Ѓорѓиески, ветеранот од НОБ, Благоја Чоноски, професорот, д-р Виктор Лилчиќ, уметникот од Словенија, Билјана Зероска-Становник, фудбалерот Илчо Наумоски, воздухопловецот Здравко Тодороски, чевларот Љубе Дамески, донаторот Драган Кедиоски и постхумно, на фудбалерот Борче Ангелески и на новинарот Данчо Трајкоски.

                                                                                                               

Loading