БРАЈЧИНСКО ЗА РЕКРЕАЦИЈА

Скоро да нема недела, а планинарите на Картуш да не зафатат по некое село, по манастир, река, планина во бегство од градската горештина и во потрага по природни убавини. Под нозе овојпат им се најде подножјето на Пелистер. Марширајќи покрај прекрасна борова шума, го поминале селото Брајчино и по течението на Брајчинска Река, околу 40 планинари стигнале до караулата на грчката граница. Застанале на кус одмор за ручек, а на враќање го посетиле реставрираното корито на реката, небаре музеј во селото Аврати. Маршот не бил ништо тешко за Картушовци, па 15 километри ги поминале како од шега.

Loading