Неизбежна на натпревари

Малата Јана Неделкоска од ОУ “Климент Охридски”, е талентиран ученик. На 11 години веќе освоила повеќе општински награди. Досега не успева да ја надмине бронзата, ама како што почнала веројатно ќе се искачи на првото место. Јана поминала три години во земјата на кенгурите – Австралија, и тоа токму во годините кога се развиваат говорните вештини. Паралелно со македонскиот, го учела и англискиот јазик. Уживала во прошетките по плажите и посетите на богатите зоолошки градини, со љубезните австралиски водичи. Тоа и дошло како “кец на десетка”, кога се вратила во Македонија, бидејќи со познавање на јазикот имала поголем пристап до информации. Ама тоа би било џабе, ако не се трудела и не го надградувала знаењето. Вредна е како пчела. Нема предмет кој не и оди од рака. Ама има предмети кои повеќе ги сака. Љубител е на природните науки, и покрај тоа што годинава првпат се среќава со таа настава. И за математика, нема зборовите, оти формулите и равенките ги знае и во сон. Изгледа дека инвентивните домашни задачи, кои í ги поставува наставничката Цветанка Јочкоска, ја поттикнуваат да учи повеќе за околината и состојките од кои таа е создадена. Во слободно време Јана се адаптира на временските услови. Зиме е скијачка, а лете е скијачка на асфалт – со ролери. Тренира и одбојка. Ужива во детството до максимум, гледајќи цртани филмови и читајќи детска литература. Рано да размислува за понатаму, ама со талентите кои ги поседува, сите врати ќе и бидат отворени.

Loading