ТРИ ВО ЕДНО – СКАРА, ПИЦА И МАНЏА

Империјал

Во екстравагантен, гламурозен стил во срцето на градот, ресторанот Империјал ги дочекува посетителите.

Новоотворениот угостителски објект е со тројна функција, гостите ем што кафе може да се напијат, туку тука може да уживаат во неповторливиот вкус на скарата, богатите пици и пастрмајлии, како и вкусните готвени јадења по домашен, традиционален прилепски рецепт. Во “гастрономската империја” сé е првокласно, од услуга, до мебел, со посебено избрани најдобри намирници. Само сопственикот е “стар” и добро познат меѓу угостителската фела. Зоран Димески над две децении го усовршува занаетот и ја познава најпребирливата желба на посетителите кои се задоволни и повторно се враќаат во неговите ресторани.

– Сакаме да ги задоволиме сите вкусови – посетителите да може да изберат прилепска скара, да имаме готвени јадења и во исто време да имаме и пици и манџи. Фурната каде се подготвуваат готвените јадења, пицата и пастрмајлијата е ѕидана по сите стандарди. Скарата е на жар, за да го подобрува вкусот на највисоко ниво. Квалитетот ни е најважен и да има за секој вкус по нешто – чорба, ширден, тава во фурна, чомлек и сите специјалитети се готват по нарачка. Се разликуваме од другите по  амбиентот, каде гостите се чувствуваат пријатно – вели сопственикот Зоран Димески.

Стартувале по Свети Никола, а готвените јадења ќе се приготвуваат по Нова година. За новогодишната вечер е организиран пречек за 60 гости. Објектот е како “роден” и за фамилијарни веселби, матурски, крштевки, веридби или друго.

Локацијата е во центарот. Погодна е за деловни ручеци и средби. Музика забавува во петок и сабота. Ќе се потрудат и за недела. За изборот на ентериерот се се погрижил синот Владимир.

– Во угостителството сум од 18 години. Сум работел во Хотел Бисер во Струга, во Панорама, имав ресторан Тропикана. Еден период ја држев сендвичарницата Калимеро. Во 1991 година, ги затворив сите објекти и се занимавав со менувачката работа. Поради голема желба, се вратив на угостителството по многу години. Тоа е занает што ме влече, а посебно во сегашниот објект со гламурозен амбиент – вели Димески.

Империјал е семеен бизнис. Секој член има посебна задача. Покрај Зоран Димески, вклучени се сопругата Жанета, синот Владимир и ќерката Ивана.  

ПЕСНАТА НА СТЕФАН – ДОПОЛНИТЕЛЕН ДРЕСИНГ НА ХРАНАТА

Добрата храна, лета со избрана музика. Гостите во Империјал уживаат во извонредниот глас на Стефан Миткоски, кој музичките квалитети ги докажа и на “Ѕвезде Гранда”. Мајсторот на староградските песни, севдалинките, и сите хитови од ју – просторите, секако и на македонската песна е само надополнување на прекрасниот амбиент и вкусната храна. Душата ја галат и професионалните тонови на клавирот кој го збогатува амбиентот. 

Loading