РЕТКО БЕЗ КИМОНО

За сестрите Мишела и Маријана Димоски има многу пишувано во нашиот неделник, на спортската страница. Скоро и да нема број на Зенит каде не се спомнати близначките – каратисти од Гимназијата. Каде и да се натпреваруваат, финалето се знае – Мишела против Маријана, па секогаш кај едната е златото кај другата среброто.

Последен успех на карате дуото Димоски, бил златниот и сребрениот медал на државниот натпревар организиран од федерацијата на училишни спортови на Македонија. Учествуваат на натпреварувањето веќе петта година со ред и секогаш ги земаат најсјајните медали.

– Со секојдневните натпревари наутро и навечер и училишните обврски, едвај наоѓаме време за социјален живот како врсниците. За да имаме некој вид на контакт со пријателите и другарите, го заменуваме вистинското дружење со виртуелно преку Фејсбук. После натпреварите имаме потешкотии во вклопувањето во образовниот процес, но се снаоѓаме, а и професорите имаат разбирање. Во класот голем број од соучениците нé поддржуваат и се радуваат на нашите успеси, но има и онакви кои ни завидуваат – кажуваат унисоно сестрите Димески.

Иако се втор клас, го достигнаа врвот на Интернационалната ката карате листа. Маријана е прва, а по неа Мишела. Претендираат да освојат медал на европско или светско првенство,  да бидат први и на листата за Премиер карате. Нема да им биде тешко , зашто го држат 5. и 7. место на таа табела

Loading