ЕЛКА ОД ОТПАД

Развивањето на свеста кај најмладите, поттикнувањето да се размислува малку поинаку, надвор од границите и создавањето на нешто вредно и интересно од материјали кои по дефиниција се отпад беше доволен предизвик за првоодделенците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” да изработат невообичаена новогодишна елка. Ги вклучија и родителите, кои, исполнувајќи им ја желбата, ги воодушевија со крајниот производ – “Принцезата Елка” од пластични шишиња, скршено стакло, ЦД дискови, фолија, капачиња, прегорени сијалици. Изработката на 1-3 одделение ќе учествува на државниот натпревар “Ѓубрето како уметност”, TRASH FOR ART, во категоријата за основни училишта.

Loading