ЧАС НА УЛИЦА

Околу стотина ученици од четврттите одделенија при ОУ “Добре Јованоски”, имаа час по запознавање на природата на уникатен начин. Наставникот Сокле Митрески осмислил децата да се запознаат со важноста на водата и подобро да сфатат зашто се копа и работи на нивните улици. Со изработени транспаренти со пароли за заштеда и правилно користење на водата, учениците часот го одржаа на улицата Тризла, каде најдобро се гледаше што е сработено и што допрва ќе се работи.

На малите ученици, директорот на ЈП Водовод и канализација, (ВиК) Сашо Николоски, со едноставни зборови им објаснуваше за значењето на драгоцената течност без која не се може, и им кажа дека улиците се ископани за поквалитетна вода за пиење. Децата, а и наставниците, претседателите на урбаните заедници и родителите, го исслушаа директорот и добија маички со логото на В и К за доброто однесување. 

Loading