ГИМНАЗИЈАТА СО НОВИ ЛИДЕРИ

Гласовите на мнозинството гимназијалци за ново раководство на младинската организација (МО) ги избраа за претседател Стефан Ристески, Верица Попоска, за заменик претседател, Трајче Камчески за записничар и Теодора Зероска како член.

МО на Гимназијата се менува секоја календарска година и мандатот им трае од почетокот на Новата година до нејзиниот крај. Во поширокото членство влегуваат и 15 ученици, по тројца од клас.

Претседателот Ристески има амбициозни планови, за кои вели дека се остварливи, реални и поконкретни од ланските. Ги истакна проектот за собирање храна и облека за социјално загрозените семејства, организирање на новогодишната забава, обука за реторика и јазични вештини, презентации против било каков вид на дискриминација, еко – акција, зголемување на свеста кај учениците за пороците и зависностите и презентација на Гимназијата на полуматурантите.

– За секоја активност МО има рокови, кои можат да варираат –  нагласи Стефан.

Прва задача на раководството и членството беше завршување на проектот за засадување на 70 дрвца. Директорот Кирил Николоски, истакна дека садниците се 15 отсто маслинки, 15 отсто бреза и 70 проценти каталпи. Фиданките се од подружницата на Македонски Шуми, а изведбата ја одобрил ЈП ПУП. Голема помош при садењето биле работниците од ЈП Комуналец и војници од касарната.

Loading