УСПЕШНО ИЗВЕДЕН ЕВРОПСКИ ПРОЕКТ

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност  ги награди учениците од  седмите одделенија од ОУ “Гоце Делчев”, предводени од наставничката Александра Андоноска за успешно изработениот проект во соработка со училишта од 13 европски земји. Преку снимен клип, презентации, слики и текстови напишани на англиски јазик, учениците се претставија себе си, училиштето, градот, а и убавините и традициите на нашата земја.

Со учеството во eTwinning проекти учениците ги прошируваат знаењата, се запознаваат и соработуваат со своите врсници од дугите европски земји.

Малите третачиња претходната учебна година изработуваа и  испраќаа честитки на своите нови другари во европските земји, радувајќи се од пријатното “нетрпение” да добијат честитки од другарчиња од други земји. Годинава продолжи допишувањето со училиштата од повеќе европски земји. Се вклучија во одбележување на Денот на европските јазици – 26 септември. Со наставничката снимија клип со честитка за празникот на македонски и англиски јазик, претставувајќи го македонскиот јазик пред учениците од 17 партнерски училишта во 13  европски земји.

Loading