ДЕН НА БЛАГОДАРНОСТА

ОУ “Гоце Делчев”

Учениците од седмите и осмите одделенија кои членуваат во англиската секција, под раководство на наставничката Благица Чатлеска, го прославија “Денот на благодарноста” преку креативни изработки на “Thanksgiving trees” – дрвја со пораки на благодарност, различни пилиња и мисирки, кои се симболи на овој празник.

Денот на благодарноста е национален празник кој примарно се слави во Канада и САД, како ден на кој се искажува благодарност за успешната жетва во изминатата плодна година. Се слави на четвртиот четврток во ноември во САД и вториот понеделник во октомври во Канада.

Целото семејство се собира заедно на свечена вечера на која главно јадење е печена мисирка, приготвена со посебни зачини. Затоа, овој ден уште се нарекува и “Turkey day” (“Ден на мисирките “)

Loading