ПРВИ ВО РЕЦИТИРАЊЕ И ЛИЧНА ТВОРБА

Ученикот Озѓан Сулејманоски го освои првото место за рецитирање во категоријата од 6-8 одделение со фрагменти од “Фуснота без повод” од Гане Тодороски, “Варвари” од Петре М. Андреевски и “Везилка” од Блаже Конески. Трката во рецитирање за месецот на книгата се одржа во Градската библиотека. Тамара Ангелеска го освои првото место за најдобар расказ, со “И јас сум како вас” во истата категорија. Двајцата се ученици од ОУ “Добре Јованоски” под менторство на наставничката Јагода Волческа. 

Loading