ГО САКАМ МОЈОТ ГРАД

Не е ни најмалку лесно, но вистински предизвик е да се  пишува за својот град. Така велат основците, кои го прифатија предизвикот и твореа за Прилеп. Годинава вторпат ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” организираше литературен конкурс, кој предизвика масовен интерес и донесе од срце напишани песни и стихови полни со љубов и мечти. Најдобри меѓу најдобрите беа Симона Јанкоска и Миа Велјаноска од ОУ “Кочо Рацин”, Ева Талеска и Стефанија Шамав ОУ “Гоце Делчев”, Борис Ристески од ОУ “Рампо Левката”, Теона Ацеска од ОУ “Блаже Конески” и Марија Ѓорѓиеска и Михаел Крстески од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”.

Loading