КОПРИНА НА ПОД

Мардини Картал

Салонот за теписи Мардини Картал од 2010 година внесе нови дизајни на топли меки подови. Кога ќе стапне човек, петицата се закопува во пријатни нежни, небаре кадифени реси со различни дебелини, кои ги галат нозете. Новите вештачки материјали се толку непрепознатливи и  блиски до природните, што, ако муштериите не знаат дека се акрилни и дека се исткаени од вештачки конци, ќе мислат дека купиле и внеле дома природа. Килимите налик на јамболии се шик, зашто во зимските денови го облагородуваат просторот со различните колорити и необични дизајни. Покрај теписите, сопствениците Миле и Милена Рочески во салонот располагаат и со класични килими со илјадници јазли. Фирмата е ексклузивен увозник за производите од фабриката Картал и нејзината фирма ќерка Санат Хали од Турција.

Брачната двојка во бизнисот со теписи Миле и Милена велат дека продаваат главно за готовина, без одложено плаќање на рати или пак со кредитна картичка.

– Топ сезоната за “топлење” на домовите со нови теписи е од октомври до февруари, а во останатиот дел од годината муштериите рагледуваат и послабо купуваат. Таканаречените  свилени се поскапи. Се бараат најмногу со реси, потенко или погусто ткаена. Нужно е домот да се направи пријатно семејно катче. Дел од таа интенција секако е да се постели со модерните и практични килими. Посланиот под влијае на раположението на членовите на семејството. Килимите создаваат малку нереален амбиент на широчина, па и шарм, дури и привлечност и ведрина. Декорираниот под со килим во собата создава чувство на комодитет. Токму затоа се нуди широка палета креации, кои ќе ги задоволи сите, па и најпрефинетите вкусови. Меѓу раскошот од дезени секако ги има специјалните за детски соби со јунаците од цртаните филмови или некои други детски мотиви, па и бои и за спални соби. Богатиот избор на дизајни е со пристапни цени. Најскапи се “свилените” теписи. Тоа е акрил, а полиестер се става за домови со влажни места. Материјалот личи на волна, небаре свила, кашмир или коприна. Но, се практични за чистење и лесни за одржување на хигиената. Дури и релјефните килими лесно се одржуваат само со поминување на правошмукалка – објаснуваат Рочески.

Цените се од 500 денари за м2 до 3000 денари, а димензиите се стокмени според желбите на муштериите. Ги има 1,5 на 2 метри, 1,7 со 2,5 метри. Овие димензии се најбарани. По порачка може да се направи и друга димензија на тепихот.

Во зависност од конецот, дали е танок или дебел располагаат со килими од 80 илјади, 120 илјади и 350 илјади јазли. Тоа е класика, макар што има и модерни дизајни и на најквалитетните килими. А квалитетот се одредува според густината на ресите, односно според бројот на јазлите. Колку има повеќе јазли, толку е поквалитетен тепихот. Во салонот има и модели на волнени скапи теписи за нашите џебови, а и муштериите се ретки. Има сетови за купатило и гумирани и негумирани стапки за скали.

Loading