СЛИКАРСКА ТАЈФА ОД ГИМНАЗИЈА

Гимназијалците Надица Парапанска, Маја Атанасоска, Натали Бошеска и Владимир Здравески учествуваа на третиот традиционален ликовен хепенинг, организиран од локалниот Ротари клуб. Под водство на професорката Виолета Блажеска, Надица и Владимир освоиле прво, односно трето место меѓу 20-на учесници. Двајцата се членови на подмладокот на ДЛУП.

Сликарите биле распоредени околу Центарот за култура и на убавото време создале привлечни творби. Во групата имало и ветерани од ДЛУП кој не се натпреварувале и средношколци.

На слободна тема, Надица освоила прво место и еднонеделен престој во Крушево со цртеж во кој ја опишува убавината на жената со портрет. Владимир освоил трето место, сликајќи ги архитектонските карактеристики на градов. Тој е и творец на гимназиското лого. Маја со слика на машка рака со цвет ја “раскажала” младешката љубов, а Натали ја опфатила средината каде сликала, со арт плоштадот и патеката на славните и Саат кулата во заднината. 

Loading