ВТОРПАТ ДЕН НА ЈАБОЛКОТО

ОУ “Блаже Конески”

Вторпат во ОУ “Блаже Конески” се слави јаболкото со манифестацијата “Денот на јаболкото”. Годинава мотото е “Здрава храна за детство без маана”. Како лани, родителите на учениците заедно со наставниците зготвија различни вкусни десерти од јаболко. Имаше и рачни плетени изработки од родителите во соработка со училиштето. ” Делата” беа поставени на штадови за неофицијално натпреварување кое беше поттик за ангажман за што поубав и побогат штанд. Програмата имаше еко – содржини во наставата – секаде каде се среќава јаболкото како поим низ сите наставни предмети.

Библиотекарската и литературната секција изработи печатено издание со творби посветени на јаболко, а училиштето распиша литературен и ликовен конкурс за учество на другите училиште. Програмата се збогати со присуството на претставниците од БРО. На крајот се доделија признанија за освоени места на двата конкурса на ученици и од другите училишта.

Собраните средства ќе се искористат за подобрување на воспитно – образовниот процес. Идејата, Денот на јаболкото да стане дел од културата на ОУ “Блаже Конески”, како препознатлив знак, полека се остварува.

Loading