ВЕШТАЧКА КАРПА В ГИМНАЗИЈА

Две вештачки карпи со димензии од 4 м2. високи околу четири метри беа свечено отворени неделава во Гимназијата. Наменети се за растечкиот број љубители на болдерингот. Карпите не изгледаа застрашувачки со навалување од околу 25 степени, но ретко кој од учениците успеваше да се качи на највисоката точка. Заинтересираните болдеристи, јазачи, не мируваа ниту кога ги посети градоначалникот Марјан Ристески со директорот на агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски. Градоначалникот живо се интересираше за спортот и истакна дека покрај фудбалските, тениските и други игралишта, треба да се посвети внимание и на спортовите кои не се толку популарни кај нас.

По правилата на овој спорт, имаше спотер, или одговорно лице кое го следеше секој потег на учениците и внимаваше да биде што побезбедно спуштањето/паѓањето на душекот на подот.

Карпите ќе може да ги користи секој заинтересиран за овој спорт, кој го спојува менталниот и физичкиот развој на луѓето.

Loading