ПРОСЛАВА НА “СТРАШНИОТ” ПРАЗНИК

ОУ “Гоце Делчев

Со своите вешти раце и креативност учениците од седмите и осмите одделенија од ОУ “Гоце Делчев” го одбележаа британскиот празник “Halloween” – Ноќ на вештерките, притоа натпреварувајќи се во четири категории: најдобро маскирани ученици, изработка на тиква, цртеж и изработка на маска.

Низ забава и дружење, професорката по англиски јазик, Благица Чатлеска, ги запозна учениците со начинот на прослава на овој празник, потеклото и со британската и американската култура, обичаи и традиција. Празникот се слави со цел да се избркаат лошите духови, за кои се верува дека се појавуваат ноќта на 31-ви Октомври. Традиционалните активности вклучуваат маскенбал, режење на тикви, читање страшни приказни, шетање на маскирани деца од врата на врата, барајќи од сопствениците да бидат почестени со прашањето “TRICK OR TREAT?”.  Со зборот “Trick” се “закануваат” дека ќе му направат трик, ако тој не ги почести со бонбони и слатки. “Trick-or-treating” е една од главните традиции за “Halloween”. Според професорката, празник е “чисто” британски, а во Америка и Австралија го донеле доселениците католици – Шкоти и Ирци.

На најкреативните ученици директорот Трајче Каралиоски им додели пофалници и ја честита посветеноста во реализацијата на овој настан.

Loading