ЗАБАВНА ПРАКСА

“Во животот никој нема да ти го покаже вистинскиот пат, ако не се обидеш сам, никогаш нема да дознаеш дали би успеал” – била лекцијата што професорката Јасминка Димоска им ја образложила на присутните од СОУ “…Питу” и СОУ “…Ричко” на забавен начин, кога меѓуучилишната соработка достигнала до коренот – учениците.

Лекциите напишани низ стотици листови хартија, се ништо, во споредба со лекциите кои учениците можат да ги добијат, кога напишаните нешта ќе ги почувствуват на нивната кожа во суровиот, реален свет.

Нити за учениците, нити за професорите, учењето не им е хоби. Тоа не значи дека покрај типичниот начин на учење, не треба да се испробуваат нови “техники” на кои тоа би изгледало позабавно и интересно. Така се усовршува комуникацијата меѓу учениците, професорите, низ забава и дружење преку кои може да се совладаат значајни лекции за животот.

Потврда се учениците од СОУ “…Питу” и СОУ…Ричко”, кои новиот стил го демонстрирале преку дружењето кај “економистите” под менторство на професорките Јасминка Димоска и Маргарита Алексоска.

Првин се запознале меѓу себе, па преку игра на тандеми, двојките  одлучувале три заеднички нешта. Потоа, секој тандем ги презентирал интересите. Играта се одвивала со ведра смеа. 

Лидерството е важна особина за луѓето кои сакаат да се истакнат. Но, тоа прочитано само од книга, нема влијание, доколку не се употреби во практиката. Затоа, наредната игра ја извеле здружените тимови од двете училишта. Играта, именувана “Водење на “слепец”, барала од двојките еден да е “лидер”, а на другиот му биле заврзани очите како слепец. Така требало да помине одредена патека, слушајќи го “лидерот”. Интересно било што ретко кој го слушал “лидерот”.”Слепецот” повеќе доверба имал во другарите околу. Праксата завршила со овации за одлично извршената задача на тандемите.

Следното дружење ќе биде наскоро, а овојпат домаќини ќе бидат СОУ “…Ричко”.

Loading