И БИБЛИОТЕКАРИ И АВТОРИ

Во ОУ “Блаже Конески” интензивна активност покажуваат повеќе секции, а меѓу нив особено отскокнува библиотекарската, формирана ланската 2012/13 година. Идеја била да се одговори на желбите на група ученици, млади ентузијасти, кои сакале да ги прошират знаењата од библиотекарството. Библиотекарката од училиштето, наставничката Вера Искова, ги препознала своите наследници, бидејќи интересот не згаснал и со крајот на учебната година.

И во оваа, 2013/2014, година младите библиотекари се фатија вредно да “голтнат голем “залак”, да креираат свое дело и да создадат книга за “Денот на јаболкото”.

Околу насловот, уште имаат дилеми, но и тоа ќе го “испеглаат” до 7 ноември.

Тие амбициозно претендираат делото да е со сите “нишани”, сакајќи на тој начин на соучениците да им укажат дека книгата не се состои само од корици и содржина. Тие користат различни извори на податоци, електронски и печатени, сé со намера книгата да биде што поиздржана и содржински потемелна. При тоа библиотекарката будно ги следи и секогаш е подготвена да помогне.

Книга за јаболкото ќе е спремна за промоција на 7. ноември, заедно со другите активности кои ги подготвува училиштето.

Loading