СОРАБОТКА СО СЛОВЕНИЈА

СОУ “Ристе Ристески – Ричко”

Професори од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, беа во Целје, Словенија на меѓународен симпозиум за “Интердисциплинарната логистика во сообраќајот”. Професорите Борче Јошески и Виолета Секулоска конкурирале со трудови кои требало да ги образлагаат на симпозиумот.

Професорот Јошески учествувал со трудот “Прилог кон утврдување на потребите од воведување на јавен градски превоз во Прилеп”, а професорката Виолета Секулоска конкурирала со “Безбедност во сообраќајот и образовниот систем”. Поради нејзино оправдано отсуство, трудот го презентирал директорот Жарко Темелкоски, како просветен работник и поранешен долгогодишен член на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на Општинава.

Од 13 учесници, четворица биле од Македонија.

Дел од посетата бил посветен на пристаништето во Копар, каде практично се запознале со транспортот и складирањето на стоката која се доведува и одведува во Словенија по воден и патен сообраќај.

Со Училишниот центар во Целје се постигнал договор за потпишување на меморандум за соработка меѓу двете училишта. Станува збор за размена на ученици, професори и искуства за подобро реализирање на теоретската и практичната настава. 

Loading