МАСЛИНКИ НА ПАРК

Околу 120 нови садници ќе се засадат во Паркот на револуцијата. Ќе пркнат диви маслинки, ќе има и садници од туја, како и аризонски чемпрес. “Рефреширањето” на зеленило симболично се означи на Денот на македонската револуционерна борба, кога за лопата се фати и директорот на ЈКП Комуналец, Златко Ристески. Покрај таткото на градот, Марјан Ристески, љубовта кон околината и еко – грижата ја покажа и претседателот на советот м-р Никола Димески.

Прилепчани ќе уживаат во мирисот, особено во мај, кога ќе цвета дивата маслинка, која е грмушка, односно нискостеблесто дрво и е исклучително ценет хортикултурен вид. Туите формираат прекрасна крошна и глетка во просторот, а мошне атрактивни се и отпорните на ниски и високи теператури насадите на чемпреси.

Ионака богата флора, само ќе се доукраси. Веќе минато е глетката кога Паркот беше пуста ледина. Локалната самоуправа најпрво почна да ја уредува со донацијата од швајцарската агенција за развој. Постојано се наводнува, хортикултурно се уредува и се поставуваат нови придружни парковски елементи. Иницијативноста на градските власти се покажа и со богатиот зоо свет. Покрај рајската градина, постојано се проширува со нови животни и мини зоолошката градина. Има елени, лами, пони коњчина…

Паркот на револуцијата е посетен постојано од жителите кои ужуваат и во секој сончев есенски ден.

Loading