ПОЧИТ ЗА РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ

Со полагање цвеќиња на спомениците на Пере Тошев, на Ѓорче Петров, на Могилата на непобедените, претставници од општината, пратеници, од политичките партии од Сојузот на борци, го одбележаа празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Градоначалникот Марјан Ристески порача дека она што за револуционерите некогаш било сон, за сегашните генерации е јаве.

– Борбата на сегашните генерации е економски просперитет на Македонија – рече Ристески.

За претседателот на советот м-р Никола Димески, македонскиот народ желбата за самостојна држава ја искажал пред пред 120 години со формирањето на револуционерната организација.          

Loading