Со поддржувачите, Мото Клубот Рисови реализираа хуманитарна акција в болница. Успеаа да донираат “Капа за ЕЕГ за деца до 2 години” за Детското одделение.
– Вашата поддршка значи многу за нас и за оние на кои им е потребна помош. Продолжуваме да правиме позитивни промени – напишаа на ФБ од Мото Клубот Рисови.
За пријатен престој пак, на пациентките, родилки на Одделението за гинекологија и акушерство в болница наместени се телевизори со дигитална ТВ програма во собите на акушерскиот оддел. Од болницата се заблагодаруваат за донацијата без да го споменат името на донаторот.