Шведски искуства за локално управување со отпад

Во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, градоначалникот Борче Јовески со претставници од општинската администрација, ЈКП Комуналец и градоначалниците од регионот, престојуваа во Стокхолм и Јевле во Шведска.. Таму стекнаа конкретни сознанија и практични примери за подобрување на услугите на општините и комуналните претпријатија во секторот со отпад, како и за начинот за примената и искористувањето на отпадот.

Ја посетија фабриката за отпад Екогас, каде се обработува околу 27 000 тони отпад годишно и која произведува 28 GWh гас за возила, со што остварува над 5 милиони евра промет годишно. Фабриката е во доминантна сопственост на општината. Служи за пример како се третира органскиот отпад собран од општинските претпријатија.

Го посетија и собирниот центар на асоцијацијата a Gästrike Återvinnare во градот Јевле каде се селектираат сите видови на отпад создадени во домаќинствата и комерцијалните објекти во шведските општини од овој регион. Се презентира искуство со начинот на кој општините и комуналните претпријатија во Шведска соработуваат со големите маркети, како е организирано селектирањето во индивидуалните домаќинства и како се прави во станбените објекти.

Општинската делегација, предводена од градоначалникот Борче Јовечски,  се запознаа со процесот на рециклирање на металниот отпад од неговото примање до финалното рециклирање за понатамошна употреба и продажба.

Пелагониската делегација стекна огромно применливо искуство за начините, важноста и потребата од заедничка меѓуопштинска соработка за управување со отпадот и од третирањето на отпадот да се остварат поефикасни и повеќенаменски придобивки,: еколошки, пониски инвестициски трошоци, меѓусебно споделување на надлежностите и човечките ресурси, полесно оптимизација на рутите, ист надомест во сите општини, како се прават заеднички набавки и слично.

Имаа средба и со амбасадорот на Република Македонија во Шведска, Џенк Сејфула.

Инаку, општина Прилеп е една од шесте општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои ќе работат на одржливо управување со отпадот, проект финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал. Воедно, Општината се подготвува и за проектот изградба на фабрика за рециклирање на отпад вреден 90 милиони  денари која треба да се реализира до крајот на  годинава, па оваа посета на Шведска веќе креираше збирни искуствени примери за систем и начинот на управување со отпад .

Loading