ШВЕДСКИ ПАТЕРИЦИ ЗА ПРИЛЕПСКИ МАКИ

Томе Велјаноски продолжува со донациите

Нашинецот Томе Велјаноски од Шведска продолжува да испраќа патерици за помош. На штитениците од Домот за стари лица во Самоков дониран е пакет со 10 чифта патерици. Се прават напори и за донација во Старскиот дом “Киро Крстески – Платник” во Прилеп.

Донацијата ја реализира Здружението на инвалидски пензионери.

На Боге Пеоски, инвалидски пензинер, му е олеснето движењето. Се подаруваат помагала дури и на оние на кои ќе им притребаат можеби во иднина.

Досега се распределени помагала, патерици и бастуни на над стотина пензионери. Преку Здружението на старосните пензионери, десетина чифта стигнаа и до Ново Село, Струмица.

Иако се користени од слични здруженија од Шведска, Велјаноски ги праќа по пошта за да им помогне на своите сограѓани.

Loading