ПРИЛЕПСКИОТ УСЕИН БОЛТ

ОУ “Гоце Делчев”

Леонид Вандевски е осмо одделение, а веќе е познат во државни рамки како врвен младински атлетичар. Годинава, како и лани го освоил првото место за пионери во дисциплината трчање на 600 метри.

Талентот, Леонид го открил случајно. Три години постарата сестра,  Фросина била член на атлетскиот клуб 3-ти Ноември. Освојувала доста награди на трки. Леонид бил да види како тренира сестра му, а тренерот со мисла дека и тој е добар во трчање, му рекол да направи еден трк од 800 м. Со време од 2,37 минути, ја поддржал тезата на тренерот и веднаш се зачленил во клубот. “Огненото крштевање” го имал лани на трка во Скопје. Го освоил првото место. На меморијален натпревар во Скопје по кејот на Вардар го зел златото на 500 м. Се качил највисоко на пиедесталот и на трка од 3 000 м. со конкуренти за класа погоре од него.

Годинава, бил прв “пик” на тренерот од АК и во тркачки бој со уште шест скопјани, среде Скопје, ја кренал арената “Филип Втори” на нозе со најдобро време за пионери.

Тренира шест дена во неделата, а омилена должина за трчање му е 800 м. Леонид вели дека ја одбрал оваа дисциплина, зашто нема експлозивност во стартот, но има кондиција да го надомести тоа. Покрај безрезервната поддршка од семејството, вели дека за добар тркач потребно е да се верува во себе, напорно да се тренира и да не се откажува пред неуспесите.

На одличниот ученик следен предизвик му е ноќниот крос во Скопје, за ослободувањето на главниот град – 13-ти ноември.

Loading