НАТПРЕВАР НА ТЕЛЕВИЗИЈА

ОУ “Кочо Рацин”

Основците од ОУ “Кочо Рацин” интензивно се подготвуваат за настап на националниот сервис, МТВ. На 14 ноември ќе се претстават  на државната телевизија во училишната програма “Голем одмор”. Ќе учествуваат 40 ученици, комбинирани од одделенска и од предметна настава, поделени во две групи од по 20 ученици. Преку натпревар ќе го презентираат училиштето, а со тоа и градот.

Плански се подготовките на учениците – капитени кои ќе ја претстават историјата на училиштето и неговата современа дејност, се подготвуваат драматизации што ќе нé потсетат на прочуените прилепски и мариовски итроштини, хумор и снаодливост. Работат и вредните раце на учениците во ликовната работилница, се тренираат и музичките точки како изненадување, а учениците за натпреварот по македонски јазик ги повторуваат содржините.

Покрај тоа што емисијата е натпревар помеѓу двете екипи од истото училиште, важно е што нема “победени” и “поразени” .Идејата е да се претстави училиштето во полн сјај, па победници ќе бидат сите што ќе имаат задоволство да го промовираат едно од најдобрите училишта во градов. 

Loading