ВЕБ СТРАНИЦА ЗА ФРАНЦУЗИНЧИЊАТА

Во времето кога приматот за глобален јазик го има англискиот, има наставници кои се трудат да го зачуваат и зголемат интересот кај основците за најмелодичниот јазик – францускиот. Наставничката по француски од ОУ “Гоце Делечев”,  Ирена Наумоска, направила интернет страница на француски и македонски јазик, за активностите на секциите што го учат “јазикот на Галите”. Сајтот е доста прегледен, иако уште е во фаза на доработка. Низ слики и текст може да се видат активностите, атмосферата и проектите на младите вљубеници на францускиот јазик.

Наумоска со колешките од другите ОУ, посебен нагласок ставаат на Денот на франкофонијата, па учествата на одбележување на празникот заземаат почесно место на веб страницата.

– Крајната замисла да се информираат родителите, учениците и сите заинтересирани за секцијата по француски при ОУ “Гоце Делчев”, каде преку примена на информатичката технологија и истражување на интернет, учениците ги прошируваат своите знаења, но и стекнуваат нови познавања за француската култура и традиција – вели креаторот на интернет страницата, Ирена Наумоска.

Loading