ОГЛЕДАЛО ВО ВЕСНИК

ОУ “Добре Јованоски”

Македонци и Роми, или “МиР” се вика весникот кој здружено го подготвуваат професорката м-р Каролина Николоска, наставничката по германски јазик Јулијана Ѓурчиноска и околу 20 ученици од ОУ “Добре Јованоски”. Првиот број излегол на патронатот, а има тенденции да им биде при рака на децата секоја година при чествувањето на празникот. Гласилото е патоказ како се одржува мултиконфесионалното училиште кое секогаш било пример за почитување на сите. Весникот треба да е огледало на успесите на училиштето, а и место каде секој ученик ќе ги покаже своите вредности.      

Учениците го креираат преку ИКТ истражувања, ги адаптираат текстовите и ги праќаат до одговорните професори. Во првиот број, низ страниците има интервју, рубрика – визија за училиштето, наставни и воннаставни натпревари, соработка со НВО и лични творби на учениците. Професорката Николоска најавува задржување на постојните рубрики и збогатување.

Во создавањето на весник придонел Сокле Митрески, кој нашол спонзори и графичари за печатење.

Loading