“БУФ” ЗА “БЛАЖЕ КОНЕСКИ”

Филмскиот фестивал организиран од Гете институтот од Скопје, била шанса за младиот филмаџија, ученик во ОУ “Блаже Конески”, Давид Арсовски да покаже што умее. Учествувале екипи со 40 филмувани приказни од браќата Грим од училиштата во Македонија. Прилепчанецот заедно со одделението 6-4 ја освоил првата награда и добил Oskar – Baff (во форма на Був). Режисерот и филмската екипа ја филмувале модифицираната приказна за Снежана и 14 џуџиња.
Сите ученици и менторот, наставничката по Германски јазик – Катерина Јонческа – добиле дипломи и маички со логото на фестивалот.

Loading