АМЕРИКАНСКА КОМПАНИЈА ГО МЕРКА ЗАГУБАРОТ

Се бара стратешки партнер за Еурокомпозит

Американска компанија е заинтересирана за производите на  Еурокомпозит чие име засега не се обелоденува. Владата постојано бара стратешки партнер за загубарот. На владините седници се расправа за начините како да се помогне на загубарот кој произведува специфична опрема.

– Имав состанок со министерот за инвестиции, Џери Наумоф, кој ме информираше дека има заинтересирани компании да ја откупат опремата и да купат производи на Еурокомпозит. Се надеваме дека една американска компанија ќе потпише договор со Еурокомпозит, но не сакам да давам збор. Паралелно бараме стратешки партнер, исто како за Тутунскиот комбинат. Во Еурокомпозит состојбата е подобра. Има мали или скоро никакви долгови, што дава подобра можност за изнаоѓање на партнер – рече премиерот Никола Груевски.

Неодамна Владата даде зелено светло и финансиски средства за вработените кои сакаат доброволно да ја напуштат фирмата со исплата на 1 500 евра.

Loading