НИКНУВААТ НОВИ СПОРТСКИ САЛИ

Бесплатна објава

Од први септември учениците на  “Ристе Ристески Ричко”, особено оние од спортската гимназија, на располагање ќе ја имаат новата спорска сала, градена по современ терк и со сите спортски реквизити. Во училишната спортска сала со површина од 1300 м2 и со трибини за 400 гледачи се инвестирани 40 милиони денари од Министерството за образование.

Таква сала ќе се гради и во ОУ “Добре Јованоски”.  И таа е дел од проектот на Владата за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали.

Премиерот Никола Груевски заедно со министерот за образование Спиро Ристовски, присуствуваа на отворање на спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и на поставувањето на камен-темелник на спортска сала во ОУ “Добре Јованоски”.

Претходно, се изгради сала во СОУ “Ѓорче Петров” која веќе е неколку години во функција. Во тек е градбата на спортска сала без трибина во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, а спортски сали ќе се градат и во другите училишта.

Loading