Од први септември учениците на “Ристе Ристески Ричко”, особено оние од спортската гимназија, на располагање ќе ја имаат новата спорска сала, градена по современ терк и со сите спортски реквизити. Во училишната спортска сала со површина од 1300 м2 и со трибини за 400 гледачи се инвестирани 40 милиони денари од Министерството за образование.
Таква сала ќе се гради и во ОУ “Добре Јованоски”. И таа е дел од проектот на Владата за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали.
Премиерот Никола Груевски заедно со министерот за образование Спиро Ристовски, присуствуваа на отворање на спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” и на поставувањето на камен-темелник на спортска сала во ОУ “Добре Јованоски”.
Претходно, се изгради сала во СОУ “Ѓорче Петров” која веќе е неколку години во функција. Во тек е градбата на спортска сала без трибина во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, а спортски сали ќе се градат и во другите училишта.