ВЕКОВНА ТАЈНА СПОДЕЛЕНА СО ВРЕДНИТЕ ЛУЃЕ

140 години “Тутунски комбинат”

ОД 100 ТОНИ ОТКУПЕН И ОБРАБОТЕН ТУТУН ВО ПОЧЕТОКОТ НА РАБОТЕЊЕТО, ДОСТИГНА ДО ДЕНЕШНИТЕ НАД 8000 ТОНИ.

ОД 31 МИЛИОН ПАРЧИЊА ЦИГАРИ ВО 1955 ГОДИНА, СТИГНА ДО НАД 7 МИЛИЈАРДИ ПАРЧИЊА ЦИГАРИ ВО ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ.

Од 16 век семето на тутунот патува по сите континенти, избирајќи ги оние поднебја кои со својата топла клима, сонце и вредни луѓе ќе му овозможат да ја открие својата тајна. Луѓето на кои тутунот им ја открил мистеријата на своите вредности, во неа ја пронашле смислата на својата постојана работа. Така е и во Прилеп – секогаш се сака подоброто, поуспешното, поквалитетното.

Веќе четири века Прилеп и околината ја пишуваат својата историја, поврзана со тутунот. Точно 140 години Тутунскиот комбинат (ТКП) во светски размери претставува синоним за квалитет на ориенталниот тутун и на разни видови цигари. Од формирањето во 1873 година, ТКП бележи континуиран и импресивен развој, особено изразен во последниве децении.

Во 1873 изграден е првиот магацин за откуп и обработка на тутун во Прилеп. Тоа е година на почетокот на развојот на денешниот ТКП.

Нагорната линија на подем е логичен пат по кој патуваат успешните и логична потврда на разумните потези. Од 100 тони откупен и обработен тутун во почетокот на работењето, до денешните над 8000 тони. Од 31 милион парчиња цигари во 1955 година, до над 7 милијарди парчиња цигари во последниве години.

1012375 277172039091289 1403007811 n

Денес ТКП е организиран како холдинг компанија со модерни капацитети и врвна технологија во производството на тутун и цигари, со близу 1050 вработени и просечно уште 300 сезонски работници. Во ерата на компјутеризација, дејствувањето е подредено на принципите на маркетингот, како и деловна стратегија, во чиј центар се потребите на потрошувачите. Покрај службите на холдингот, во ТКП постојат две друштва со ограничена одговорност: Тутун и Цигари.

 DSC4736

Топлото прилепско поднебје, високиот интензитет на сончевото зрачење, чистата околина без индустриски загадувања и погодниот состав на почвата во реонот, му овозможуваат на ТКП да организира производство на светски познатиот ориентален тип на тутун “Прилеп”, наречен според името на градот уште во 1930 година. Овој тип се одликува со златножолта до портокалова боја, со фино еластично ткиво, со слабо изразено главно ребро и нерватура на листот, со специфична и многу интензивна арома, со пријатен и благ вкус при пушењето. ДООЕЛ “Тутун” организира производство со речиси 10.000 индивидуални тутунопроизводители со договор за кооперација. На тој начин, речиси 40.000 жители на Прилеп и на околината се ангажирани во производство на 6 – 8 милиони килограми тутун годишно, кои ги откупува ТКП и им дава силна поддршка на своите кооперанти. Откупениот тутун во ДООЕЛ “Тутун” се манипулира, пакува, ферментира и внимателно се чува до испорака кон најразлични светски дестинации. Над 90 отсто од ферментираниот тутун, ТКП го извезува. Најголеми купувачи се најпознатите светски производители на цигари од САД, Јапонија и од земјите на ЕУ.

Целокупното производство се одвива под будното око на високоспецијализираните експерти за контрола. Тие, со софистицирани уреди и апарати, како во погонот така и во лабораториите, континуирано ги проверуваат сите технички, технолошки и пушачки параметри на цигарите. ТКП во целост се придржува на стандардите на меѓународната организација за истражувања во областа на тутунот CORESTA.

Денес, мотото на менаџерскиот тим на ТКП е квалитетот на сé. Затоа цигарите не само што ги добиваат највисоките признанија на значајни манифестации, туку го добиваат и заслуженото признание од потрошувачите.

Роденденска журка на Пивофест

ИГЛО И ЦЕПЕЛИН ЗА АТРАКЦИЈА

Годинава, на 4-ти април, на Денот на тутунските таботници, Тутунскиот Комбинат (ТКП) го доживеа утрото на своето 140 годишно постоење. Роденденот се прослави при најмасовниот настан што се случува во Македонија и околината – на Пивофестот. Дел од роденденската прослава  беа сите посетители, медиумите од земјава и пошироко.

Поради тоа што посетителите главно  доаѓаа преку превојот Плетвар, патот беше обележан со црвени ленти кои висеа од гранките на дрвата, за да предвестат што ќе ги очекува по пристигнувањето.  Веднаш до бината, на височина од 7,5 м беше иглото на ТКП, каде посетители м се запознаваа со историјата на Комбинатот и интерактивно се вклучуваа во создавањето на новата историја. Над прилепското тло, преку ден и навечер кружеше 8,5 метарски цепелин, привлекувајќи го вниманието.

Чест на ТКП му направи и градоначалникот Марјан Ристески, кој по настапот на Владо Георгиев, го честиташе роденденот на Комбинатот со најголема традиција во регионот.

Раководниот тим на ТКП ветува дека традицијата продолжува и се одржува понатаму. Маркетинг тимот на ТКП им благодари на сите за посетата а сликите може да се проследат на фејсбук страницата на ТКП.

Loading