НАГРАДИ ЗА ТАНЦОВИТЕ ДВОЈКИ НА КЛУБОТ ТЕМПО

Танцовиот клуб Темпо се закити со награди на неодамна одржаните национални натпревари по стандардни и латиноамерикански танци. Танцовата двојка Веселин Трајкоски (ОУ Гоце Делцев) и Мери Шукуроска (ОУ Блаже Конески) освои две титули. Станаа двапати шампиони на Македонија, на двете првенства во категорија млади младинци.

Двојката Никита Ристески (ОУ Климент Охридски) и Маја Димеска (ОУ Кочо Рацин), се закити со бронза на шампионатот за стандардни танци, во категорија пионери во Македонија.

Loading