УМНИ ПОРАКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПОЖАРИ

Насмевки кај учениците на свеченоста на Могила, на која беа наградени литерати и сликари од основните и средните училишта на тема ,,Пожарот – непријател на човекот”. Конкурсот, распишан од Општинскиот Противпожарен Сојуз, ги поттикнува младите писатели и сликари.

Победници од  1 до 5 одд. – Мане Николоски од ОУ “Климент Охридски”, Васе Колароска од ОУ “Климент Охридски” и Борче Нунески од ОУ “Добре Јованоски”. Од 5 до 9 одд., прво, второ и трето место: Теодора Силјаноска од ОУ “Гоце Делчев”, Елена Стојковска од ОУ “Рампо Левката” и Симона Димеска од ОУ “Блаже Конески”. Од 1 до 4 година, прво, второ и трето место:  Теодора Силјаноска од СОУ “Мирче Ацев”, Благоја Ивчески од СОУ “Мирче Ацев” и Јулијана Здравкоска од СОУ “К.Ј.Питу”.

За надарените сликари прв беше Бојан Цветаноски од ОУ “Рампо Левката”, втор Петар Конески од ОУ “Климент Охридски” и трет Атанас Трпчески од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. За учениците од 6-9 одделение комисијата ги награди: Давид Желчески од ОУ “Климент Охридски” и  Мелани Героска и Елена Солеска, двете од ОУ “Климент Охридски”. Од средношколците награди зедоа: Викторија Здравеска од СОУ “Ѓорче Петров”, Магдалена Димоска од СОУ “Ѓорче Петров” и Билјана Клекачкоска од СОУ “Ѓорче Петров”.

Loading