ПРОГЛАСУВАЊЕ НА “НАЈ…” НА ПАЛАЧИНКИЈАДАТА

Драги наши зенитпетковци, заврши изборот за нај ученик, нај одделение, нај наставник и нај училиште за учебната 2012/13г. По долгото броење на е-гласовите и постовите на Фејсбук, до последен момент не се знаеше кои ги понесоа титулите Нај. Сепак на врвот ќе се искачат тие кои добија најмногу гласови и го потврдија стекнатото знаење и умешност во повеќе области. 

Манифестацијата на доделување на благодарници ќе се одржи денеска на 07.06.2013г. во 12 часот на камената бина, а, ако не можете да ја најдете, ќе ве донесе мирисот на палачинки од Палачинкијадата која по втор пат ја организира општината со богата забавна програма.

Loading