ТАНЦОВ МАХЕР

Двојката составена од четвртоодделенецот од ОУ “Гоце Делчев” Веселин Трајкоски и шестоодделенката од ОУ “Блаже Конески”, Мери Шукуроска освоиле две злата на државното првенство за танцови двојки. Суверено владееле во Скопје. И во двете категории – стандардни и латино танци, ги победиле останатите осум двојки.

Во стандардните танци за десет минути ја воодушевиле публиката со Англиски и Виенски валцер, Танго, Слоуфокс и Квикстеп. Интернационалното жири останало без здив, па после изведбата на латино танците Самба, Румба, Пасо Добле, Ча – ча – ча и Џајф, им дала двојно злато, за двете категории. Со двете злата од државниот натпревар на Веселин и Мери им следува ученичка стипендија.

Веселин од мал имал дарба за танцување. Четири години е член на ТК Темпо. Брзо ги совладал чекорите од десетте стандардизирани танци со професорот Даниел Кимоски. Трајкоски вели дека за успешен танчер нужни се сериозност и страст кон играта низ насмевка. Држењето на ритам е битна особеност на танчерите.

Танцовото дуо, формирано при зачленувањето во клубот, се закитило со две први и неколку втори и трети места на регионални натпревари во Скопје, Битола и Куманово.  

Loading