ПРИВРШУВА ИЗБОРОТ ЗА “НАЈ…”

НАЈ  ПЕТКА – [email protected]  

Драги наши зенитпетковци! Изборот за нај ученик, нај одделение, нај наставник и нај училиште за учебната 20012/13 е во завршна фаза. Се бројат гласовите од  адресата [email protected] и од фејсбук страната на зенитпетка. Се уште се отворени и ги чекаат Вашите последни гласови.

За добивање на епитетот најученик се води рамноправна битка во ОУ Блаже Конески, а и кај другите ќе решаваат нијанси.

За нај наставник се повторува постојано едно име, но има и конкуренција.

Од секое училиште ќе биде избран најученик и најнаставник, додека најодделение и најучилиште ќе биде прогласено само едно.  

 За потсетување лани за Најучилиште беше избрано ОУ Добре Јованоски, а Најнаставници беа Кети Иваноска од ОУ Гоце Делчев,  Тони Николоски од ОУ Блаже Конески, Маја Најдоска од ОУ Добре Јованоски, Тања Илиеска од ОУ Рампо Левката, Розита Кареска од ОУ Кире Гаврилоски – Јане, Јулија Талеска од ОУ Климент Охридски и Димитрија Дивјакоски од ОУ Кочо Рацин.

За Најученици беа избрани Стефан Неделкоски 8-г од ОУ Гоце Делчев,  Давид Лазароски 6-3 од ОУ Блаже Конески,  Кристијан Велески 5-1 од ОУ Добре Јованоски, Марија Мирческа 8-а од ОУ Рампо Левката, Бисера Галеска од ОУ Кире Гаврилоски – Јане, Бисера Јованоска 8-3 од ОУ Климент Охридски и Андреј Патоски 8-а од ОУ Кочо Рацин. Најодделение беше 7-1 на наставничката Лидија Карапееска од ОУ Климент Охридски.

Loading