МЛАДА ОЛИМПИЈКА ВО ТУРЦИЈА

ВО ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

Седмоодделенката Ема Бошеска, девојчето кое храбро се фрли по крстот за Водици, повторно изненадува со успесите. На 23-то државно првенство во атлетика во Скопје го освоила првото место меѓу 15 конкуренти. Дисциплината била трчање крос – кантри на 1000 метри. Со првото државно место и напорните тренинзи во АК “3-ти Ноември” со тренерот Ѓорѓија Гешоски, продолжиле на олимпијада за млади во Коња, Турција. Иако не освоила место, Ема ја пофали организацијата и додаде дека ќе í е искуство плус за понатаму.

На домашен терен, на натпреварот за Светскиот ден на атлетиката, го освоила првото место. Среброто í се насмеало на меморијалниот крос “Методија Веноски” во Скопје.

Летово í претстојат клупски натпревари.

Loading