“…РИЧКО”, ПОЗЛАТЕН НА РАНДЕВУ ВО ТЕТОВО

Меѓу 50 училишта од земјава, учениците од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” го освоија првото место во категоријата, најдобро уреден штанд на образовното рандеву на средните стручни училишта МАССУМ 2013 во Тетово. Креативните ученици во вистинска светлина и музика го претставиле училиштето, изработувајќи голема светлечка реклама со името на училиштето со асоцијации за сообраќајната, машинската, графичката и  електро струка и за спортската гимназија.

Штандот го привлече вниманието и со робот од ЛЕГО коцки, програмиран да дели флаери.

“Ричковци” приредија и хуманитарна манифестација Тин шоу во Ц.К. “Марко Цепенков” да го дадат придонесот за обновување на изгорените конаци на манастирот Трескавец.

Loading