МАЈСТОРИ ЗА ЕСАПИ И ФИЗИЧКИ ФОРМУЛИ

На државниот натпревар по физика триумфираше вредниот Христијан Р’жаникоски од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Не крие дека е “заразен”  физичар, оти оваа науката е возбудлива и бескарајно интересна. Му годи што е најдобар меѓу врсниците, но спремен е и за нови предизвици.

 

 

 

 

 

 

 

Вториот најдобар математичар – основец во државава е Ѓорѓи Коцески. За него математиката е најлесната работа на светот. Ако бројките ти станат најдобри другари, тогаш нема мака за пресметка со нив. Мераклија е да решава математички проблеми. Не мирува, туку “тренира” за Олимпијадата.

Loading