ЛАМИНАТИТЕ СЕ ИДНИНА НА ПОДОВИТЕ

РУЛЕ ПРОМЕТ

Фирмата Руле промет шест-седум години е ориентирана на трговија и монтажа ламинати. Тоа се топли модерни подови од природно потекло, кои последниве години се доста атрактивни во споредба со конвенционалните подови, како што се паркетот, мушамите, синтелоните, душемињата и другите материјали, кои се поставуваат во домовите и институциите. Сопственикот Зоран Рулески открива дека граѓаните сé повеќе “ги постилаат” домовите со топли подови, поради функционалноста, практичноста, лесната одржливост и хигиена и отпорноста од гребење. Меѓудругото, брзо се поставуваат и се долготрајни, според квалитетот, макар што на пазарот се наоѓаат небрендирани, кинески, ламинати со сомнителен квалитет и ниски цени.

– Доста се продаваат ламинатите за сува градба. Нудиме ламинати од германскиот бренд Егер и од австрискиот Кајндл. Тоа се фирми со традиција, кои  гарантираат до 30 години експлоатација – кажува Рулески.

Граѓаните не ги познаваат ламинатите од различни квалитети и за различни локации по домовите и институциите. Покрај спектарот од колорити и дезени, нужно е да се знае и квалиетот на ламинатот, да одговара на фреквенцијата од луѓе. Во зависност од квалиетот и дебелината, цените се движат од 420 до 2000 денари м2, за ексклузивните ламинати – вели првиот човек на Руле Промет.

Распределени се во класи 26, 31, 32, 33, 34 и тоа во дебелина од 7, па се до 12 милиметри.    Младите барат бела и сива боја, а постарите класика, боја на даб и бука.   – Најниските класи се за домови каде на м2 се движат до тројца луѓе. Тие се за домашни услови, а најскапите се за фабрики, кои со масовна фреквенција на луѓе и со  оптоварувања од машини. И екстра класата е за луксуз и за престиж со највисок квалитет. Секој може да избери според џебот – објаснува Рулески, додавајќи дека се поставуваат за 60 денари од м2 “за рака” на рамна подлога со филц или други изолациски материјали за да не вибрираат.

Ламинатите ги задоволуваат Еко и Хасап стадардите. Тоа значи дека се природни со суштински предности. На пример, можат да издржат до 38 степени директна температура од подно греење. Ламинатите издржуваат и мала поплава. Затоа од Руле промет препорачуваат граѓаните да ги отворат очите и да купуваат само брендирани ламинати, а не кинески и од шест милиметри без квалитет и гаранција. Упатуваат дека има фирми кои нудат кинески ламинати на кои пишува герман технолоџи. Тоа е измама, оти не е знак дека е германски квалитет. 

Фирмата веќе се потврдила со квалитетот на понудата и монтажата во градинки, училишта и институции.                    

Loading