НАТПРЕВАР НА ПРАКСА

СОУ “КУЗМАН ЈОСИФОСКИ – ПИТУ”

Тренинг низ виртуелни компании, односно претворање на теоријата во практиката демонстрираа дел од учениците на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. Низ различни фирми и методи за водење бизнис, банки и право, децата ги проверуваа на дело знаењата од теоретската настава. Во натпреварувачки амбиент ја постигнаа целта. Ги вкусија практичните ефекти од “правилата” во книгите.

Пробите на практичната примена на теоријата не е новина за економистите од различни насоки. Досегашните искуства на генерациите на завршени ученици, сведочат дека голем дел веќе ги уживаат своите плодови од знаењето со работни ангажмани. 

Loading