“ЗА”, ЗА ИНОВАЦИИТЕ

Со добиените грантови од Националната агенција за европско образовние, директорот на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, Спасија Нешкоска –  Цуцулеска се надградуваше на две обуки на тема “Англискиот јазик во стручните училишта” во Скарбро, Англија и “Зајакнување на ИКТ вештините” во Св. Џулиан на Малта.

Искуството ги отвора видиците и ја охрабрува употребата на различни методи и пристапи кои го прават часот интересен, разбирлив и поприфатлив за учениците.

– Обуките во голема мера придонесуваат за развојот на дизајнерските вештини при креирањето и уредувањето на веб страници, ЊИКИ страници и блогови, зајакнување на најразлични практични умештва преку употребата на достапни бесплатни софтвери, како наставни помагала и развојот на знаења. Со посетите на основните, средните училиштата и колеџите во овие земји се добива слика за начинот на функционирање на образовниот систем на западните земји – вели Нешкоска –  Цуцулеска.

Искуствата ќе влијаат на спознавање на вистинската вредност и значење и на екстерните тестови на учениците, а е планирано првпат да се реализира оваа учебна година.

– Екстерното проверување се воведува за раст на објективноста на наставниците при оценувањето и намалувањето на можноста од надворешни притисоци. Практично, се контролира квалитетот на училиштата, се анализира квалитетот на наставата и се влијае на подобрување на квалитетот на образованието. Постигањата на учениците се основа за дијагностицирање на добрите страни и слабите страни на образовниот систем – објаснува Нешкоска –  Цуцулеска.

Loading