ВЕШТО ЧИТАЊЕ НА САЕМ ВО ТУРЦИЈА

ООУ “БЛАЖЕ КОНЕСКИ”

ОУ “Блаже Конески” со научниот проект “Употребата на иновативните стратегии во насока на подобрување на когнитивноста и комуникативноста во развивање на вештината на читање кај учениците од петто до осмо одделение” учествуваше на саем во Бурду, Турција, по покана на турски Универзитет. На шестиот светски научен саем на проекти, училиштето се претставило меѓу училишта од Азербејџан, Северен Кипар, Романија, Б и Х, Бангладеш, Иран, Белорусија, Македонија и Турција.

Покрај проектот имало можност за презентација на Прилеп, при што домаќините изразиле желба за соработка со нашиот град.

Loading